Настани:
1014 – Во битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори.
1588 – Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II.
1940 – Почнува воздушната офанзива на Германија на Великa Британијa за време на Втората светска војна.
1948 – На стадионот Вембли во Лондон отворени се првите Олимписки игри по Втората светска војна.
1993 – Киргистан ја признава Република Македонија.
2002 – Основана Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“.
Родени:
1883 – Бенито Мусолини, италијански диктатор и фашист.
1905 – Даг Хамаршелд, шведски политичар.
1925 – Микис Теодоракис, грчки композитор.
1927 – Хари Мулиш, холандски писател.
1929 – Жан Бодријар, француски социолог и философ.
1930 – Абдулазис Ислами, македонски поет.
1949 – Љупчо Силјановски, македонски поет.
1961 – Муртезан Етхеми, поранешен член на ОНА.
1981 – Фернандо Алонсо, возач на Формула 1.
1982 – Перо Антиќ, македонски кошаркар.
1985 – Золта Фодор, унгарски борач.
Починале:
1099 – Папа Урбан II, римски папа.
1108 – Филип I, француски крал.
1644 – Папа Урбан VIII, римски папа.
1808 – Селим III, отомански султан.
1856 – Роберт Шуман, германски композитор и музичар.
1890 – Винсент ван Гог, холандски сликар.
1910 – Глигор Соколов, деец на македонското револуцинерно движење.
1974 – Ерих Кестнер, германски писател.
1982 – Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“.
1983 – Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер.
2008 – Мате Парлов, југословенски и хрватски боксер.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!