Top

Добро утро (28-ми јули)

28-ми јули е 209-иот ден во годината според григоријанскиот календар (210-и во престапна година). Остануваат 156 денови до крајот на годината.

Настани:
1821 – Перу прогласува независност од Шпанија.
1858 – За прв пат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи.
1914 – Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија. Tри дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција.
1937 – Јапонците во текот на Кинеско-јапанската војна го завземаат Пекинг.
1945 – Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.
1976 – Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе.

Родени:
1165 – Ибн Араби, арапски философ.
1804 – Лудвиг Андреас Фоербах, германски философ.
1887 – Марсел Дишан, француски сликар и скулптор.
1915 – Чарлс Таунс, американски физичар и Нобелов лауреат.
1921 – Воислав Кушевски, македонски историчар.
1929 – Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на Џон Кенеди и Аристотел Оназис.
1943 – Ричард Рајт, англиски музичар, член на Пинк Флојд.
1954 – Хуго Чавез, претседател на Венецуела од 1998 година, ориентиран кон воведување на демократски социјализам во земјата.
1956 – Ирена Колиштрковска Настева, македонски археолог.
1974 – Алексис Ципрас, грчки политичар.

Починале:
1741 – Антонио Вивалди, италијански композитор и виртуоз на виолина.
1750 – Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најзначајните композитори во историјата на музиката.
1794 – Максимилијан Робеспјер, еден од главните водачи на Француската револуција.
1904 – Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп.
1968 – Ото Хан, германски хемичар и нуклеарен физичар. Добитник е на Нобеловата награда за хемија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *