Настани:
1830 – Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска.
1839 – Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум.
1981 – Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.
1989 – Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето.
2001 – САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
Родени:
1832 – Ѓура Јакшиќ, најголемиот лиричар во српскиот романтизам и еден од најталентираните српски сликари на XIX век.
1835 – Џозуе Кардучи, италијански поет, добитник на Нобелова награда за литература во 1906 година.
1874 – Иван Ачков, македонски револуционер.
1915 – Марио дел Монако, италијански драмски тенор.
1946 – Раде Шербеџија, српски актер и пејач со потекло од Хрватска.
1965 – Хозе Луис Чилаверт, парагвајски голман.
1972 – Јанко Нинов, македонски поет.
1977 – Џонатан Рис Маерс, ирски актер.
1983 – Горан Пандев, македонски фудбалер.
Починале:
916 – Климент Охридски, словенски просветител.
1061 – Папа Никола II, римски папа.
1741 – Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1841 – Михаил Јурјевич Лермонтов, руски поет, еден од најголемите светски романтичари, автор на познатиот роман во стихови Демонот.
1844 – Џон Далтон, англиски хемичар и физичар.
1880 – Мохамед Реза Пахлави, ирански шах во прогонство, кој 37 години владеел со Иран. Роден е во 1819 година.
1950 – Вецко Домазетовски, македонски есеист.
1981 – Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1982 – Загорка Миќиќ, југословенски и македонски доктор по философија.
2001 – Сељман Нухиу, поранешен член на ОНА.
2010 – Димитар Циев, југословенски и македонски одбојкар.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!