Top

Добро утро (26-ти јули)

26-ти јули е 207-иот ден во годината според григоријанскиот календар (208-и во престапна година). Остануваат 158 денови до крајот на годината.

Настани:
1953 – Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантијаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста.
1956 – Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија.
1963 – Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија – Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5 од стамбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.
1996 – Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор – Кристофер Хил.
1996 – Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

Родени:
1782 – Џон Филд, ирски композитор.
1856 – Џорџ Бернард Шо, англиски писател.
1862 – Васил Иванов К’нчов, бугарски научник.
1875 – Карл Густав Јунг, швајцарски психијатар.
1894 – Олдос Хаксли, англиски писател и есеист.
1928 – Стенли Кјубрик, американски режисер.
1934 – Даница Ручигај, македонска поетеса.
1943 – Мик Џегер, американски музичар.
1954 – Роза Топузова Каревска, македонски политичар.

Починале:
1471 – Папа Павле II, римски папа.
1867 – Ото I, грчки крал.
1902 – Шарл Дадан, француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство.
1917 – Едгар Дега, француски сликар.
1925 – Готлоб Фреге, германски математичар.
1926 – Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџе, Вардарска околија, Солунска област, на 18 ноември 1874 година.
1952 – Ева Перон, популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон.
1985 – Фреди Перлман, анархиста, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *