Настани:
1894 – Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.
1966 – Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.
1998 – Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.
2001 – Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
2005 – Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.
Родени:
1508 – Андреа Паладио, италијански архитект, создател на Паладијанскиот стил
1667 – Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси.
1835 – Марк Твен, голем американски хуморист, новинар и предавач.
1874 – Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски државник и писател.
1935 – Стојан Андов, претседател на Либералната партија на Македонија
Починале:
1900 – Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!