Настани:
1926 – Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната „Пена“, прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.
1943 – Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија.
1947 – Генералното собрание на Обединетите Нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел.
1958 – Скопје и некои други градови од Македонија имаа можност со добар прием да ја гледаат италијанската телевизија.
1962 – Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот „Конкорд“.
1973 – Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.
Родени:
1797 – Гаетано Доницети, италијански оперски композитор.
1932 – Жак Ширак, Претседател на Франција.
1951 – Мирче Нешовски, македонски поет.
1964 – Мајк Матијевич, хрватски музичар.
Починале:
741б – Григур III, римски папа.
1268 – Климент IV, римски папа.
1314 – Филип IV Убавиот, крал на Франција.
1543 – Ханс Холбајн Помладиот, познат германски раноренесансен сликар.
1634 – Клаудио Монтеверди, италијански композитор.
1916 – Војин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1924 – Џакомо Пучини, италијански оперски композитор.
2001 – Џорџ Харисон, член на Битлси.
Празници:
* Ден на Републиката во поранешна СФРЈ во спомен на прогласувањето на федералното уредување на Југославија на уставотворното собрание 1943 година, Второто заседание на АВНОЈ. Со распадот на СФРЈ се престанало со одбележување на овој ден во сите републики на поранешна Југославија освен во Србија каде останал како празник во Сојузна Република Југославија се до 2002 година.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!