Top

Добро утро (28-ми ноември)

28-ми ноември е 332-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (333-и во престапна година). Остануваат 33 денови до крајот на годината.

Настани:
1520 – Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, вплови во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
1821 – Панама прогласи независност од Шпанија и и се придружи на Колумбија.
1943 – Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Рузвелт, британскиот премиер Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември.
1995 – Чешката република стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).
1997 – Во Скопје, свечено е отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.

Родени:
1632 – Жан Батист Лили, француски композитор, диригент и виолинист, од италијанско потекло.
1820 – Фридрих Енгелс, германски револуционер, филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс.
1829 – Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград.
1907 – Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели не само во Италија, туку и во Европа.

Починале:
1680 – Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *