Настани:
1095 – На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан Втори ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година.
1895 – Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
1919 – По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.
1926 – Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.
1942 – Втора Светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.
1946 – Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.
1982 – Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република“.
1997 – Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.
1941 – Завршува судскиот процес против 15 уапсени комунисти што се одржува во Охрид. Од нив само 5 се осудени, меѓу кои Лазар Колишевски и Петре Пирузе на смрт со бесење.
Родени:
1701 – Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном.
1901 – Емануел Чучков, македонски политичар.
1921 – Александар Дубчек, лидер на Прашката пролет.
1931 – Радмила Пашиќ, македонски археолог.
1940 – Брус Ли, актер и борач.
1960 – Јулија Тимошенко, украинска политичарка.
1960 – Владо Јаневски, македонски поп-пејач и композитор.
1961 – Авдија Пепиќ, македонски економист и политичар.
1963 – Владимир Машков, руски актер.
1979 – Александар Васоски, македонски фудбалер.
1982 – Александар Кержаков, руски фудблер.
Починале:
1570 – Јакопо Сансовино, италијански вајар и архитект.
1955 – Артур Хонегер, француски композитор.
1895 – Александар Дима, француски писател

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!