Top

Добро утро (1-ви декември)

1-ви декември е 335-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (336-и во престапна година). Остануваат 30 денови до крајот на годината.

Настани:
1918 – Формирано е Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
1991 – Украинските гласачи со огромно мнозинство гласаат позитивно за независност од Советскиот Сојуз.
1995 – Хавиер Солана е избран за генерален секретар на НАТО.

Родени:
1083 – Ана Комнена, византиска принцеза и научник. Најстара ќерка на византискиот император Алексеј I Комнен и на императорката Ирина. (†1153)
1792 – Николај Иванович Лобачевски, руски научник, математичар, физичар и астроном.
1935 – Вуди Ален, американски режисер, сценарист и актер.
1945 – Бет Мидлер, американска пејачка и актерка.
1949 – Пабло Ескобар, колумбиски криминалец.

Починале:
1707 – Џеремаја Кларк, англиски барокен композитор.

Празници:
* Национален празник во Романија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *