Top

Добро утро (2-ри декември)

2-ри декември е 336-иот ден во годината според григоријанскиот календар (337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.

Настани:
1772 – Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска.
1804 – Наполеон Бонапарт е крунисан за император на Франција.
1805 Наполеон Бонапарта ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
1942 – Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1944 – Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје – Битола и Прилеп – Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, започната е новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница „Македонија сообраќај“ на 04.12.1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.
1946 – По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин – Псодери, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
1956 – Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1993 – Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1997 – Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар.

Родени:
1962 – Владо Бучковски, поранешен премиер на Република Македонија.

Починале:
1918 – Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател.
1974 – Лајош Зилахи, унгарски писател.

Празници:
1944 – Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.
* Светски ден на укинување на ропството.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *