Top

Добар ден (3-ти декември)

3-ти декември е 337-иот ден во годината според григоријанскиот календар (338-и во престапна година). Остануваат 28 денови до крајот на годината.

Настани:
1942 – Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под Италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година.
1967 – Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.
1993 – САД отворија Канцеларија за врски, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман.
1997 – Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.

Родени:
1368 – Шарл VI Лудиот, француски крал.
1447 – Бајазит II, отомански султан.
1800 – Франце Прешерн словенечки поет.
1830 – Фредерик Лејтон, англиски академски сликар.
1857 – Џозеф Конрад, англиски писател.
1945 – Божидар Димитров бугарски историчар и политичар.
1948 – Ози Озборн, англиски пејач.
1960 – Дарил Хана, американска глумица.
1960 – Џулијан Мур, американска глумица.
1968 – Брендан Фрејзер, канадско-американски глумец.
1977 – Ксенија Пајчин, српска пејачка, .
1977 – Адам Малиш, полски ски-скокач.
1981 – Давид Виља, шпански фудбалер.
1984 – Аврам Пападопулос, грчки фудбалер.

Починале:
1154 – Анастасиј IV, римски папа.
1533 – Василиј III Московски, кнез на Московското кнежество.
1888 – Карл Цајс, германски оптичар.
1919 – Пјер Огист Реноар, француски сликар.
1937 – Атила Јожеф, унгарски поет
1949 – Елин Пелин, бугарски писател.
1965 – Благоја Стефановски – Гојчо, македонски револуционер.
1980 – Драги Костовски, македонски артист.
1991 – Стојан Гогов, доајен на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.
1993 – Саво Костовски, македонски првоборец.
1994 – Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *