Настани:
1943 – Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, кумановско, бугарската војска и полиција стрелаше осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од селото Орах беа интернирани во Бугарија.
1992 – Долниот дом на холандскиот Парламент донесе одлука за признавање на Република Македонија.
1997 – Во Хонг Конг започнува систематско санитарно колење на целокупната популација на кокошки (1,25 милиони), за да се спречи ширењето на птичјиот грип.
Родени:
1967 – Еван Сеинфелд, американски музичар.
1969 – Линус Торвалдс, создавачот на јадрото за оперативениот систем Линукс.
1709 – Елисавета, руска император.
1972 – Џуд Ло, англиски глумец.
Починале:
1634 – Клаудио Монтеверди, Италијански композитор.
1825 – Жак Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот.
1849 – Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на Романтизмот.
1920 – Марко Цепенков, еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците.
1926 – Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите германски лиричари.
1981 – Мирослав Крлежа, хрватски писател
1986 – Харолд Макмилан, британски премиер

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!