Top

Добро утро (30-ти декември)

30-ти декември е 364-иот ден во годината според григоријанскиот календар (365-и во престапна година). Останува 1 ден до крајот на годината.

Настани:
1911 – Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија – Куоминтанг.
1943 – Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија.
1949 – Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар. Формиран е под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман.
1964 – Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој – УНКТАД.
1996 – Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи.
2006 – Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото.

Родени:
1865 – Радјард Киплинг, англиски писател.

Починале:
1909 – Ѕоле Стојчев, македонски револуционер, борец против османлиската власт.
1944 – Ромен Ролан, француски раскажувач, романсиер, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.
2006 – Садам Хусеин, Претседател на Ирак.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *