Настани:
1895 – Во Париз, во просториите на „Гранд кафе“, браќата Луј и Огист Лимиер, организираа прва филмска проекција. Тоа беа првите „подвижни слики“ во историјата, кратки филмови. Оваа филмска претстава предизвика воодушевување кај публиката и се смета за датум на раѓањето на кинетомаграфијата. Само десет години подоцна, битолските браќа Манаки, Јанаки и Милтон, го снимија првиот филмски кадар на Балканот.
1908 – Од земјотрес во Месина и Калабрија, во Италија, загинаа околу 83.000 лица.
1943 – Во селата Прждево и Клисура, кај Неготино, партизанскиот батаљон „Страшо Пинџур“ ги нападна германските делови за врска и деловите за противавионски извидувања. По куса борба кај селото Прждево, загинаа седум германски војници, додека нападот врз селото Клисура, не успеа поради интервенција на бугарските единици од Кавадарци и од Демир Капија.
1944 – Во Скопје почна тридневната работа на Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1944 – Во Скопје почна да работи Радио Скопје на куси бранови од 50 метри на македонски јазик. Првата емисија што ја емитуваше беше преносот од Второто (вонредно) заседание на АСНОМ.
1995 – Од космодромот во Бајконур, Казахстан, од една руска носечка ракета, е лансиран сателит од индиско производство. Заедно со сателитот беше уште едно летало, наречено „скипер“, сопственост на Универзитетот во Јута, САД.
1997 – Долготрајните недоразбирања во Австралиската епархија на МПЦ, во Мелбурн кулминираа и со масовна тепачка меѓу приврзаниците на спротивставените страни (на приврзаниците и противниците на владиката Петар), пред редовната богослужба во МПЦ „Свети Ѓорѓи“ и „Пресвета Богородица“, во мелбурншкото предградие Епинг.
Родени:
1856 – Вудро Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1921 година.
1887 – Валтер Рутман, значаен германски експериментален режисер.
Починале:
1694 – Марија II, кралица на Англија.
1703 – Мустафа II, отомански султан.
1925 – Сергеј Александрович Есенин, еден од најзначителните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост.
1937 – Морис Равел, француски композитор.
2001 – Џемаил Максут, македонски театарски и филмски актер.
2001 – Атанас Петровски, македонски филмски режисер и продуцент.
2010 – Атина Бојаџи, македонска маратонка во пливање.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!