Настани:
1938 – Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател Ристо Крле.
1945 – Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949 – Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979 – Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992 – Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993 – Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“, што ги погоди јужните Филипини.
Родени:
1571 – Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар.
1717 – Папа Пиј VI, римски папа.
1822 – Луј Пастер, француски хемичар и биолог.
1901 – Марлен Дитрих, славна актерка, една од најголемите филмски звезди во светот на 20 век.
1918 – Христо Брашнаров, македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ.
1946 – Трифун Костовски, македонски деловен човек, донатор и поранешен градоначалник на Град Скопје.
1982 – Терји Скибенес, гитарист на викинг-метал групата Тир од Фарските Острови.
Починале:
1534 – Антонио да Сангало Постариот, италијански архитект од времето на Ренесансата.
1585 – Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата.
1743 – Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист.
1911 – Штерјо Михајлов, учесник во македонското револуционерно движење.
1923 – Густав Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова Кула.
1836 – Ханс фон Сект, висок офицер во германската армија.
1952 – Рамадан Зејнели, писател за деца од албанската националност во Македонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!