Top

Добро утро (27-ми февруари)

27-ми февруари е 58-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 307 денови до крајот на годината (308 во престапна).

Настани:
1844 – Доминиканската Република стекнува независност од Хаити.
1900 – Основан е ФК Баерн Минхен.
1900 – Основана е британската Лабуристичка партија.
1921 – Во Виена е формиран Втората и пол Интернационала.
1933 – Запалена е зградата на Германскиот Рајхстаг.
1967 – Доминика добива независност од Британија.
1976 – Полисарио ја прогласи поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава.
1989 – Во Венецуела се случуваат масовни немири, познати како Каракасо.
1996 – Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:
272 – Константин I, римски император.
1873 – Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најславните пејачи на сите времиња.
1902 – Џон Стајнбек, американски писател.
1928 – Ариел Шарон, израелски премиер.
1932 – Елизабет Тејлор, британско-американска актерка.

Починале:
1887 – Александар Бородин, руски композитор.
1936 – Иван Павлов, руски научник, лекар – физиолог.
1990 – Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје.

Празници:
* 1844 – Доминиканска Република – Ден на Независноста.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *