Настани:
1531 – Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе.
1815 – Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло.
1848 – Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе.
1901 – По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Хсиуиј и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите.
1909 – Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина.
1915 – Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачки пламени.
1918 – Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција.
1936 – Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген.
1992 – Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
1993 – Напад во Светскиот трговски центар во Њујорк. Загинаа 6 лица, повредени се 1.042.
2004 – Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.
Родени:
1725 – Никола Кињо, изумител на автомобилот..
1802 – Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам.
1861 – Фердинанд I, кнез и цар на Бугарија.
1932 – Џони Кеш, американски пејач, актер и автор.
1932 – Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“.
1963 – Милко Ѓуровски, македонски фудбалер.
1983 – Сергеј Биков, руски кошаркар.
Починале:
1916 – Наум Туфекчиев, македонски револуционер.
1927 – Херман Обрист, швајцарски и германски дизајнер и скулптор.
1938 – Александар Амфитеатров, руски писател.
1952 – Јозеф Торак, австриско-германски вајар.
1960 – Александар Белиќ, македонист.
2004 – Борис Трајковски, претседател на Република Македонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!