Top

Добро утро (24-ти февруари)

24-ти февруари е 55-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 310 денови до крајот на годината (311 во престапна).

Настани:
1525 – Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употреби пушките „мушкети“, и притоа ја победи француско – швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1582 – Воведен е Грегоријанскиот календар
1819 – Американскиот конгрес го ратификува договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882 – Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјави дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија.
1945 – Втора Светска војна: Трупите на САД го ослободија главниот град на Филипините, Манила кој беше под окупација од страна на Јапонија.
1946 – Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1971 – Алжирските власти соопштија дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
1974 – Властите во Пакистан соопштија дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1987 – Слободан Милошевиќ го посетува САП Косово каде што се состанува со локалните Срби каде тие се жалат дека се тероризирани од албанското мнозинство. Во текот на неговите разговори со Србите и со локалите комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Доаѓа до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанува на страната на народот изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
1998 – Францускиот Парламент едногласно го ратификува Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби.

Починале:
1815 – Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач.
1952 – Д-р Христо Татарчев, основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун.
1976 – Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *