Top

Добро утро (28-ми февруари)

28-ми февруари е 59-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 306 денови до крајот на годината (307 во престапна).

Настани:
1825 – Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика Британија со кој е определена границата меѓу Алјаска и Канада.
1922 – Велика Британија формално прогласи независност на Египет, но ја задржа контролата над Суецкиот канал.
1948 – Последните британски воени единици ја напуштија Индија.
1974 – САД и Египет по седум години прекин, ги обновија дипломатските односи.
1992 – Советот за безбедност на Обединетите нации одобри испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа.
1994 – Авиони на НАТО алијансата соборија 4 авиони на босанските срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за прв пат директно се вмешаа во босанскиот конфликт.

Родени:
274 – Константин I Велики, римски владетел од 306 до 337 година.
1533 – Мишел де Монтењ, француски ренесансен писател и философ.
1552 – Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.
1980 – Васил Зафирчев, македонски театарски и филсмки актер.
1980 – Тејшон Принц, американски професионален кошаркар.
1985 – Јелена Јанковиќ, српска тенисерка.

Починале:
1869 – Алфонс де Ламартин, француски поет и академик.
1907 – Петар Христов – Германчето, македонски револуционер.
1986 – Улоф Палме, шведски премиер.
1941 – Алфонсо XIII, шпански крал.
1981 – Љутви Руси, македонски новинар, писател и преведувач.
2010 – Куширо Хајаши, јапонски астрофизичар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *