Настани:
1521 – На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година.
1810 – Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“.
1905 – Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година.
1960 – Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.
1961 – Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка.
1992 – По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија.
1993 – Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.
1993 – Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.
Родени:
1791 – Семјуел Морзе, американски физичар и сликар.
1986 – Динара Сафина, руска тенисерка.
1986 – Елена Ристеска, македонска поп-пеачка.
1992 – Емин Махмудов, руски фудбалер.
Починале:
1521 – Фернандо Магелан, португалски морепловец.
1882 – Ралф Валдо Емерсон, американски предавач, есеист и поет.
1905 – Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер.
1983 – Димо Тодоровски, академик познат македонски вајар.
1983 – Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!