Top

Добар ден (28-ми април)

28-ми април е 118-иот ден во годината според григоријанскиот календар (119-и во престапна година). Остануваат 247 денови до крајот на годината.

Настани:
518 – Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи
1945 – Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се застрелани од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот.
1964 – Излегло првото издание на Битолски весник, еден од најстарите весници во Македонија.
1969 – Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи.
1980 – Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран.
2001 – Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја.
2001 – Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената.
2004 – Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев.

Родени:
1924 – Кенет Каунда, замбиски државник, прв претседател на Замбија.
1937 – Садам Хусеин, ирачки диктатор.
1984 – Дмитриј Торбински, руски фудбалер.
1980 – Каролина Гочева, македонска пејачка

Починале:
1918 – Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд.
1945 – Бенито Мусолини, италијански диктатор и фашист.
1992 – Френсис Бејкон, најпознатиот англиски сликар на 20 век.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *