Настани:
1962 – Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964 – Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986 – Катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на радијацијата, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992 – Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992 – Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993 – Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.
Родени:
121 – Марко Аврелиј, римски цар и филозоф.
1564 – Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот.
1711 – Дејвид Хјум, шкотски философ и историчар.
1894 – Рудолф Хес, заменик фирер во Нацистичка Германија.
1900 – Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот.
1910 – Меша Мехмед Селимовиќ, босански писател.
1945 – Васил Икономов, македонски поет и преведувач.
1977 – Том Велинг, американски глумец.
1986 – Филип, принц на Грција.
Починале:
757 – Папа Стефан II, римски папа.
1731 – Даниел Дефо, англиски автор, новинар, и памфлетист.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!