Настани:
1191 – Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско.
1719 – За прв пат е објавен романот на Даниел Дефо Робинзон Крусо.
1859 – Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток.
1959 – Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот океан е отворен за пловидба.
1945 – Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).
1960 – Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.
1979 – Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“.
1996 – Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
Родени:
32 – Отон, римски император.
1214 – Луј IX Светиот, француски крал.
1284 – Едвард II, англиски крал.
1599 – Оливер Кромвел, англиски државник.
1874 – Гиљермо Маркони, Италијански инженер и пронаоѓач.
1903 – Андреј Колмогоров, руски мтатематичар.
1940 – Ал Пачино, американски филмски и сценски актер и режисер.
1948 – Лазар Китановски, Министер за одбрана на Македонија.
1969 – Дејан Дуковски, македонски драмски автор.
1969 – Рене Зелвегер, американска глумица.
1981 – Јована Јанковиќ, српска телевизиска водителка.
1981 – Фелипе Маса, бразилски пилот на Формула 1.
Починале:
68 – Апостол Марко, папа на Александрија и еден од апостолите на Исус.
1342 – Папа Бенедикт XII, римски папа.
1744 – Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном.
1923 – Јово Камберски, македонски раскажувач и романсиер.
1999 – Лорд Киланин, ирски новинар.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!