Настани:
1184 п.н.е. – Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“.
1854 – Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар „Сингер“ и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата.
1898 – Шпанија објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба.
1945 – Втора Светска војна: Американската армија го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау.
1949 – Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“.
1970 – Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1995 – Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.
Родени:
1941 – Ричард Холбрук Чарлс Алберт, американски дипломат.
1942 – Барбара Стрејсенд, американска актерка и пејачка.
1969 – Рене Зелвегер, американска актерка и пејачка.
1981 – Величе Шумуликоски, македонски фудбалер.
Починале:
1731 – Даниел Дефо, англиски автор.
1905 – Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување.
1986 – Волис Симпсон, сопруга на Едвард VIII.
1993 – Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по философија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!