Top

Добро утро (24-ти ноември)

24-ти ноември е 328-иот ден во годината според григоријанскиот календар (329-и во престапна година). Остануваат 37 денови до крајот на годината.

Настани:
1859 – Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936 – Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтерна пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџуко, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944 – Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов – Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1986 – Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје – Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994 – Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација.

Родени:
1729 – Александар Суворов, руски кнез и генералисимус.
1632 – Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло.
1864 – Анри де Тулуз – Лотрек, француски сликар.
1891 – Макс Аман, нацистички функционер.
1919 – Вера Ацева, македонски партизан и народен херој на Југославија.
1927 – Алфредо Краус, шпански тенор.
1938 – Тахир Кадриу, македонски економист.
1949 – Рахим Бурхан, македонски режисер.
1967 – Октај Ахмед, македонски поет.
1985 – Јулија Александрату, грчка манекенка, пејачка и актерка.

Починале:
1870 – Лотреамон, француски поет.
1985 – Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1989 – Благоја Нешковски, истакнат македонски режисер и писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *