Top

Добро утро (25-ти ноември)

25-ти ноември е 329-иот ден во годината според григоријанскиот календар (330-и во престапна година). Остануваат 36 денови до крајот на годината.

Настани:
1867 – Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда.
1918 – Поранешната австро-унгарска провинција Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија.
1936 – Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт
1939 – Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија.
1965 – Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу.
1973 – Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство.
1976 – Суринам стекнува независност од Холандија
1977 – Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против – Израел, САД, Канада и Салвадор.
1990 – ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место.

Родени:
1562 – Феликс Лопе де Вега, шпански писател.
1881 – Јован XXIII, римски папа.
1924 – Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ.
1935 – Миле Неделкоски, македонски поет.
1948 – Тодор Бојаџиев, македонски композитор.
1964 – Павле Воскопулос, македонски политичар во Република Грција.

Починале:
1185 – Луциј III, римски папа.
1878 – Стојан Карастоилов, ајдутски војвода .
1885 – Алфонсо XII, крал на Шпанија.
1915 – Мишел Бреал, француски лингвист.
1957 – Принц Георги, вториот син на Георги I, крал на Грција.
1968 – Аптон Синклер, американски писател и публицист.
1974 – У Тант, бурмански дипломат.
1991 – Фреди Меркјури, рок – ѕвезда.

Празници:
* Ден на независноста на Суринам.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *