Настани:
1831 – Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
1944 – По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1971 – Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1995 – Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
2003 – Грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама
Родени:
1760 – Франсоа Бабеф, француски револуционер
1860 – Хјалмар Брантинг, шведски социјалдемократ и премиер
1876 – Мануел де Фалја, шпански композитор.
1877 – Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер.
1899 – Мануел дос Реис Машадо, мајстор по афро-бразилската боречка вештина.
1941 – Франко Неро, италијански актер
Починале:
1966 – Григор Витез, хрватски писател и преведувач.
1976 – Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!