Top

Добар ден (24-ти март)

24-ти март е 83-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (84-и во престапна година). Остануваат 282 денови до крајот на годината.

Настани:
1783 – Шпанија ја призна независноста на САД.
1882 – Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1923 – Грција станува република.
1949 – Во Скопје е формиран Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, кој од 2.06.1953 година го носи денешното име – Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.
1972 – Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1976 – Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Изабела Перон.
1980 – Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи.
1990 – Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две ипол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993 – Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1997 – Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година – „Спасител ’97“.
1997 – Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1999 – Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
1999 – 39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Мон Блан.

Родени:
1494 – Георг Агрикола, германски научник.
1782 – Орест Кипренски, руски уметник.
1820 – Александар Бекерел, француски физичар.
1834 – Вилијам Морис, англиски писател.
1848 – Јован Атанацковиќ, српски генерал.
1870 – Петар Кушев, македонски лекар.
1874 – Хари Худини, американски илузионист.
1897 – Вилхелм Рајх, австриски психоаналитичар.
1919 – Ристо Ѓорѓевски, македонски психолог.
1921 – Василиј Смислов, советски шахист.
1926 – Дарио Фо, италијански писател.
1930 – Стив Меквин, американски актер.
1937 – Фејзи Бојку, македонски писател за деца.
1944 – Воислав Коштуница, српски премиер.
1956 – Стив Балмер, американски бизнисмен.
1981 – Адам Вилер, американски борач.
1984 – Крис Бош, американски кошаркар.
1986 – Наталија Дил, бразилска актерка.

Починале:
1603 – Елизабета I, англиска кралица.
1905 – Жил Верн, француски писател.
1946 – Александар Александрович Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот.
1971 – Арне Јакобсен, дански архитект.
1980 – Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *