Настани:
1821 – Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција.
1860 – На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“.
1957 – Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска заедница, а денес Европска унија.
1997 – Австралискиот сенат го укина законот за еутаназија, единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал.
2000 – Основан е Демократскиот сојуз.
2009 – Клаус Чичер е избран за премиер на Лихтенштајн.
Родени:
1479 – Василиј III Московски, нез на Московското кнежество.
1867 – Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња.
1873 – Нестор Алексиев Мирчевски, последен од големата тајфа македонски резбари.
1884 – Арсениј Јовков, македонски револуционер и публицист.
1886 – Атинагора Константинополски, патријарх на Константинопол.
1911 – Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, поглавар на Македонската православна црква.
1921 – Александра, кралица на Југославија.
1928 – Џим Ловел, американски астронаут.
1930 – Цветко Мартиновски, македонски раскажувач и преведувач.
1962 – Марша Крос, американска актерка.
1965 – Сара Џесика Паркер, американска актерка.
Починале:
1902 – Методија Патче, македонски револуционер.
1903 – Геле Трсијански, македонски револуционер.
1918 – Клод Дебиси, прочуен француски композитор.
1980 – Роланд Бартс, француски литературен теорист.
1993 – Борка Аврамова, македонска скулпторка.
2001 – Фадил Руфати, поранешен член на ОНА.
2001 – Сервет Хајредини, поранешен член на ОНА.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!