Top

Добро утро (23-ти март)

23-ти март е 82-иот ден во годината според григоријанскиот календар (83-и во престапна година). Остануваат 283 денови до крајот на годината.

Настани:
1801 – Александар I станал цар на Русија.
1806 – Англија ја забранува трговијата со робови.
1821 – Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата.
1879 – Започнува јужноамериканската Пацифичка војна.
1918 – Литванија станува независна.
1919 – Во Милано, Италија Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење.
1933 – Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања.
1956 – Пакистан станал исламска република
1961 – Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.
1994 – Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција прими нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1996 – Во Скопје, САД официјално го промовираа првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
2003 – Словенија на референдум изгласува декларација за приклучување на земјата кон ЕУ.

Родени:
1868 – Дитрих Екарт, германски политичар.
1900 – Ерих Фром, германски философ и психоаналитичар.
1908 – Џоана Крафорд, американска актерка, една од најславните актерки на Холивуд.
1912 – Вернер фон Браун, германски физичар.
1940 – Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист.
1956 – Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија.
1962 – Стив Редгрејв, британски веслач.
1968 – Фернандо Јеро, шпански фудбалер.
1968 – Дамон Албарн, англиски пејач.
1973 – Јержи Дудек, полски фудбалски голман.
1977 – Трајче Стојанов, македонски философ.

Починале:
1103 – Одо I, војвода од Бургундија.
1361 – Хенри Гросмонт, војвода од Ланкастер.
1369 – Петер од Кастилја, крал на Кастилја од 1350.
1555 – Папа Јулиј III, римски папа од 1550.
1801 – Павле I , руски император.
1842 – Шари Анри Бејл, (Стендал), француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1907 – Константин Победоносцев, руски државник и правник.
1937 – Џон Дејвисон Рокфелер, бил американски индустријалец и филантроп.
1993 – Џулиета Масина, италијанска артистка.
2008 – Борис Дворник, хрватски актер.
2011 – Елизабет Тејлор, британско-американска актерка.

Празници:
* Светски ден на метеорологијата и на водите.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *