Настани:
238 – Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски императори.
1312 – Папа Климент V го укинува темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина.
1822 – САД ја забранува полигамијата.
1879 – Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежество Бугарија.
1919 – Унгарија станува советска република.
1919 – Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел.
1922 – Персија официјално го променува своето име во Иран.
1933 – Отворен е концентрациониот логор Дахау.
1943 – Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.
1945 – Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига.
1983 – Хаим Херцог е избран за претседател на Израел.
1995 – Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови.
1996 – Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии.
2004 – Духовниот лидер на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа.
2004 – Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија.
2009 – Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија.
Родени:
1459 – Максимилијан I, германски крал и цар на Светата Римска империја.
1876 – Бора Станковиќ, српски писател.
1912 – Карл Малден, американски глумец.
1923 – Марсел Марсо, француски актер.
1938 – Тришо Стојановски, македонски писател и новинар.
1940 – Лилјана Белева, македонски писател.
1947 – Џејмс Патерсон, американски писател.
1948 – Андру Лојд Вебер, британски композитор.
1950 – Горан Бреговиќ, музичар, лидер на групата Бело Дугме.
1957 – Борис Домагој Билетиќ, хрватски писател.
1958 – Жан Виденов, премиер на Бугарија.
1976 – Рис Витерспун, американска артистка.
1978 – Нинослав Константиновиќ, еден од учесниците во атентатот врз Зоран Џинџиќ.
1980 – Вели Мумин, македонски боксер .
1985 – Мухамед Ал Анбар, фудбалер од Саудиска Арабија.
Починале:
752 – Папа Захариј, римски папа од 10 декември 741.
1687 – Жан Батист Лили, француски композитор.
1832 – Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци.
1852 – Огист Мармон, француски маршал.
1916 – Фердинанд Фелнер, австриски архитект.
1955 – Иван Шубашиќ, хрватски политичар и правник.
2004 – Ахмед Јасин, лидер во Хамас.
2005 – Кензо Танге, јапонски архитрект.
2006 – Пјер Клостерман, пилот од Втората светска војна.
Празници:
* Ден на планетата Земја.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!