Top

Добро утро (21-ви март)

21-ви март е 80-иот ден во годината според григоријанскиот календар (81-и во престапна година).

21-ви март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Северната Хемисфера, односно есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Јужната Хемисфера.
Во астрологијата – првиот цел ден на хороскопскиот знак овен.
Остануваат 285 денови до крајот на годината.

Настани:
1413 – Хенри V станува крал на Англија.
1829 – Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе.
1884 – Во Франција се легализирани синдикатите.
1918 – Прва Светска војна – Започнува втората битка на реката Сома.
1960 – Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1963 – Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија.
1977 – Индискиот премиер Индира Ганди поднесе оставка на функцијата.
1990 – Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република.
1994 – Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1998 – Основана е Демократската алтернатива.
1999 – Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон.
2000 – Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори допатува во прва официјална посета на Израел.
2006 – Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.

Родени:
1685 – Јохан Себастијан Бах, германски композитор, еден од најголемите композитори во историјата на музиката.
1713 – Франсис Левис, американски пејач.
1768 – Жозеф Фурие, француски математичар и физичар .
1801 – Марија Тереза од Токсана, кралица на Сардинија.
1806 – Бенито Хуарез, претседател на Мексико.
1817 – Жозеф Пуларт, белгиски архитект.
1839 – Модест Мусоргски, руски композитор.
1913 – Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет.
1931 – Блаже Ристовски, македонски академик.
1935 – Томас Шапкот, австралијански поет, романсиер, драматург.
1942 – Киро Донев, македонски писател за деца.
1949 – Славој Жижек, словенечки марксистички философ.
1954 – Ирфан Беќур, македонски поет.
1960 – Ајртон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“.
1961 – Лотар Матеус, германски фудбалер.
1962 – Метју Бродерик, американски актер.
1963 – Роналд Куман, фудбалер и тренер.
1980 – Роналдињо, бразилски фудбалер.
1991 – Ника Пилиев, руски фудбалер.

Починале:
1556 – Томас Кранмер, лидер на Англиската реформација.
1656 – Џејмс Ушер, англиски надискуп.
1752 – Никола Луј де Лакај, француски астроном.
1910 – Надар, француски фотограф.
1915 – Фредерик Тејлор, машински инженер.
1936 – Александар Глазунов, руски композитор и диригент.
1987 – Роберт Престон, американски актер.
1991 – Ведат Далокај, турски архитект.
1994 – Лили Дамите, француска актерка.
1994 – Дак Рамбо, американски артист.
1998 – Галина Уланова, руска балерина.

Празници:
* Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *