Настани:
996 – Шеснаесетгодишниот Ото III е прогласен за Свет Римски Император.
1871 – Француската војска ги нападнала бунтовниците на Париската комуна и ги совладала по еднонеделни улични борби во Париз. Околу 30.000 комунари биле убиени.
1881 – Основан е Американскиот Црвен Крст од страна на Клара Бартон.
1904 – Во Париз, основана е меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА.
1927 – Американскиот пилот Чарлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.
1932 – Прво прелетување на Атлантикот од страна на жена. (Амелија Ерхарт, која поради лошо време слетала во Ирска)
1945 – Венчавка на американските актери Хемфри Богарт и Лорин Бекол.
1956 – Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.
1992 – Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
2003 – Катастрофален земјотрес го погодува северен Алжир, убивајќи повеќе од 2000 лица.
2006 – На референдум во Црна Гора граѓаните се изјаснуваат за независност од СР Југославија.
Родени:
1471 – Албрехт Дирер, германски сликар и гравер.
1527 – Филип II, шпански крал.
1688 – Александар Поуп, англиски поет.
1792 – Гистав – Гаспар де Кориолис, француски математичар.
1921 – Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец
1923 – Васко Караџа, македонски писател.
1968 – Јован Манасиевски, претседател на Либерално демократската партија.
1988 – Адел, англиска пејачка.
Починале:
1471 – Хенри VI, англиски крал.
1903 – Парашкев Цветков, бугарски револуционер.
1991 – Раџив Ганди, индиски премиер
1998 – Манол Пандевски, македонски историчар.
2002 – Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!