Top

Добро утро (22-ри мај)

22-ри мај е 142-иот ден во годината според григоријанскиот календар (143-и во престапна година). Остануваат 223 денови до крајот на годината.

Настани:
1819 – Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот параброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот.
1918 – Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1947 – Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа, егзодус на македонците од северна Грција.
1972 – Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
2012 – Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втора највисока градба во светот.

Родени:
1813 – Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во втората половина на 19 век.

Починале:
1564 – Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква.
1885 – Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век.

Празници:
* Национален празник на Шри Ланка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *