Настани:
1875 – Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на на мерните единици на одделни физички големини.
1876 – Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1926 – Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1990 – Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.
Родени:
1799 – Оноре де Балзак, француски писател, автор на околу стотина книги со повеќе од две илјади ликови.
1875 – Парашкев Цветков, бугарски револуционер.
1908 – Џејмс Стјуарт, американски актер.
1946 – Шер, американска пејачка.
1962 – Александар Дедјушко, руски театарски и филмски глумец.
1967 – Павлe, принц на Грција.
1985 – Николај Липкин, руски кануист-спринтер.
Починале:
1277 – Папа Јован XXI, римски папа.
1506 – Кристофер Колумбо.
1622 – Осман II, отомански султан
1940 – Вернер фон Хејденстам, истакнат шведски поет и нобеловец.
1981 – Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
2002 – Стивен Џеј Гулд, американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!