Настани:
1903 – Во селото Смилево, демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание.
1945 – СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената aрмија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот.
1949 – Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот беше изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.
1952 – Првиот авион на млазен погон – Де Хавиленд Комет-1 го направи првиот комерцијален лет на релација Лондон-Јоханесбург.
1999 – Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, aвијацијата на НАТО употреби „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. 70% од СР Југославија остана во мрак.
2007 – Еден од учесниците на релито Гамбол 3000, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удри во друго возило при што загинаа двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито беше прекинато, а Морли осуден.
2008 – Циклонот Наргис го зафати Мијанмар (поранешна Бурма) и предизвика катастрофално уништување и поплави, при што загинаа над 100.000 луѓе.
Родени:
1660 – Алесандро Скарлати, италијански композитор.
1729 – Катерина II, руска царица.
1810 – Папа Лав XIII, римски папа.
1863 – Тома Давидов, учесник во македонското револуционерно движење.
1892 – Манфред фон Рихтхофен – Црвениот барон, германски пилот.
1896 – Елена, кралица на Романија.
1924 – Мери Бошкова – македонска театарска, телевизиска и филмска актерка.
1948 – Панде Манојлов, македонски поет и раскажувач.
1951 – Смиле Наумовски, македонски поет и раскажувач.
1955 – Донатела Версаче, италијански моден дизајнер.
1960 – Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија.
1963 – Горан Рафајловски, макеоднски политичар.
1975 – Дејвид Бекам, англиски фудбалер.
Починале:
373 – Атанасиј Александриски, Патријарх на Александрија.
902 – Борис I, бугарски цар.
1519 – Леонардо да Винчи, италијански уметник и пронаоѓач.
1957 – Џозеф Мекарти, американски сенатор.
1980 – Кирил Петрушев, министер за внатрешни работи на Македонија.
Празници:
* Ден на Знамето на Полска.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!