Настани:
1707 – Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија
1834 – Британските колонии го укинуваат ропството.
1886 – Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 – година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
2001 – Како реакција на масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
2004 – Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија.
Родени:
1909 – Јанис Рицос, поет на грчката левица. Добитник на Златен венец на СВП.
1924 – Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1929 – Ралф Дарендорф, германски социолог
1949 – Пол Тејтул Сениор, основач на Оринџ Каунти Чоперс.
1955 – Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.
1985 – Филип Ивановски, македонски фудбалер.
1987 – Сашко Пандев, македонски фудбалер.
Починале:
408 – Аркадиј, римски император.
1118 – Матилда, сопруга на Хенри I.
1277 – Стефан Урош I, крал на Србија.
1555 – Папа Марцелиј II, римски папа.
1572 – Папа Пиј V, римски папа.
1873 – Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач
1945 – Јозеф Гебелс, германски политичар.
1978 – Арам Хачатурјан, ерменски композитор.
1994 – Ајртон Сена, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“.
2011 – Осама бин Ладен, саудиски терорист, основач на Ал-Каеда.
Празници:
* Меѓународен ден на трудот.
* САД – Ден на правото.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!