Top

Добар ден (30-ти април)

30-ти април е 120-иот ден во годината според григоријанскиот календар (121-и во престапна година). Остануваат 245 денови до крајот на годината.

Настани:
1916 – Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство.
1944 – Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1975 – Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1992 – Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата.

Родени:
1245 – Филип III Храбриот – крал на Франција.
1504 – Франческо Приматичо – италијански маниристички сликар, активен на дворот на Франсоа I.
1662 – Марија II – кралица на Англија.
1956 – Ларс фон Трир – дански режисер и сценарист.
1978 – Бобан Јанчевски – македонски фудбалер.

Починале:
1555 – Папа Марцелиј II, римски папа.
1883 – Едуар Мане, француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1903 – Јордан Поп Јорданов – Орцето, еден од организаторите на Солунските атентати.
1945 – Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото.
1945 – Ева Браун, сопруга” на Адолф Хитлер.
1989 – Серџо Леоне, италијански режисер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *