Настани:
1494 – Кристофер Колумбо го откри островот денес наречен Јамајка.
1791 – Донесен е т.н. Устав од 3 мај како Владин акт, а подоцна истиот ден е усвоен од Сеимот на Полско-Литванската Федерација. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година).
1945 – Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донесе решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат е отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај, 1945 година.
1979 – Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори е извршена смена на кормилото на власта, а Маргарет Тачер стана прва жена премиер во британската историја.
Родени:
612 – Константин III Ираклиј, византиски император.
1367 – Хенри IV, крал на Англија.
1415 – Сесилја Невил, мајка на Едвард IV.
1469 – Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф.
1860 – Вито Волтера, италијански математичар и физичар.
1917 – Киро Глигоров, поранешен македонски претседател.
1920 – Киро Билбиловски, македонски филмски снимател.
1933 – Стивен Вајнберг, американски физичар.
1937 – Миле Маневски, македонски поет и раскажувач.
1948 – Авни Абдулах, македонски раскажувач и романсиер.
1984 – Ѓорѓи Ицоски, македонски биатлонец и крос-кантри скијач.
Починале:
1481 – Мехмед II Освојувачот, Отомански султан.
1758 – Папа Бенедикт XIV, римски папа.
1942 – Елпида Караманди, македонски народен херој.
Празници:
* Светски ден на печатот.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!