Top

Добар ден (19-ти ноември)

19-ти ноември е 323-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (324-и во престапна година). Остануваат 42 денови до крајот на годината.

Настани:
1493 – На своето второ патување за Америка, на кое тргнал со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристофер Колумбо го открил островот Порторико.
1497 – Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го открил патот за Индија, околу ‘Ртот Добра Надеж.
1902 – Прва балканска војна: Крај на Битолската битка со победа на српските над турските единици.
1944 – Тетово е ослободено во Втората светска војна, како последен ослободен град на територијата на Македонија.
1991 – Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донеле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
2008 – Џон Ки станува премиер на Нов Зеланд.

Родени:
1600 – Чарлс I, англиски и шкотски крал.
1711 – Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас.
1805 – Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер.
1831 – Џејмс Гарфилд, американски претседател.
1833 – Вилхелм Дилтај, германски фолософ, историчар.
1888 – Хозе Раул Капабланка, кубански шахист.
1906 – Павел Киров, грчки андартски капетан.
1917 – Индира Ганди, претседател на индиската власт и истакнат лидер на Движењето на неврзаните.
1920 – Бранко Зарески, македонски поет, критичар и публицист.
1936 – Љубиша Самарџиќ, југословенски и српски актер.
1962 – Џоди Фостер, американска актерка.
1971 – Ирена Ветерова, македонска балерина.
1973 – Дарко Ковачевиќ, српски фудбалер.
1976 – Стилијанос Венетидис, грчки фудбалер.
1980 – Владимир Радмановиќ, српски кошаркар.
1985 – Крис Иглс, англиски фудбалер.

Починале:
498 – Анастасиј II, римски папа.
1557 – Бона Сфорца, кралица на Полска и Ерусалим.
1828 – Франц Шуберт, композитор.
1855 – Михај Верешмарти, унгарски поет.

Празници:
* Ден на ослободувањето на Тетово.
* Празник на кнезот, државен празник на Монако.
* Празник на етничката заедница Гарифуна во Белизе.
* Меѓународен ден на мажот, се празнува во Австралија, Гана, Индија, Ирска, Јамајка, Јужна Африка, Канада, Малта, Обединето Кралство, Сингапур, Соединети Американски Држави, Тринидад и Тобаго и Унгарија.
* Ден на откривањето на Порторико.
* Ден на слободата во Мали.
* Ден на знамето (Бразил).
* Светски ден на тоалетите (Светска организација за тоалети).


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *