Top

Добро утро (18-ти ноември)

18-ти ноември е 322-иот ден во годината според григоријанскиот календар (323-и во престапна година). Остануваат 43 денови до крајот на годината.

Настани:
1903 – САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1991 – Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада.
1997 – Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.

Родени:
1874 – Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.
1928 – Александар Ежов, македонски книжевен критичар.
1960 – Александар Донски, литературен преведувач, раскажувач и историчар.

Починале:
1922 – Марсел Пруст, француски писател и академик.
1936 – Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна
1962 – Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот.
1986 – Љупчо Арсов, републички функционер за време на СРМ.
1991 – Густав Хусак, претседател на Чешка.
2005 – Ангел Чемерски, македонски револуционер и партиски функционер.
2007 – Томо Софрониевски, македонски првоборец и политичар.
2008 – Бранко Гапо, македонски филмски режисер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *