Top

Добро утро (17-ти ноември)

17-ти ноември е 321-иот ден во годината според григоријанскиот календар (322-и во престапна година). Остануваат 44 денови до крајот на годината.

Настани:
1558 – На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.
1913 – Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
1984 – Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада.
1989 – Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција.
1991 – Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
2006 – Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.
2008 – Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.

Родени:
9 – Веспазијан, римски император.
1291 – Филип V, француски крал.
1755 – Луј XVIII, француски крал.
1773 – Витез Михај Чоконаи, унгарски поет.
1790 – Август Фердинанд Мебиус, германски математичар, творец на Мебиусовата лента.
1887 – Бернард Монтгомери, британски генерал.
1895 – Кирил Преславски, принц на Бугарија.
1925 – Рок Хадсон, американски актер.
1942 – Мартин Скорсезе, американски режисер.
1944 – Дени Девито, американски актер.
1963 – Дилан Волш, американски актер.
1966 – Софи Марсо, француска актерка.
1971 – Мајкл Адамс, англиски шаховски велемајстор.
1983 – Кристофер Паолини, американски романсиер.
1986 – Нани, португалски фудбалер.

Починале:
375 – Валентинијан I, римски император.
474 – Лав II, византиски император.
1558 – Марија I, кралица на Англија.
1796 – Катерина II , кралица на Русија.
1858 – Роберт Овен, англиски социјалист.
1917 – Огист Роден, француски скулптор.
1947 – Виктор Серге, француски анархист
2006 – Ференц Пушкаш, унгарски фудбалер.

Празници:
* Светски ден на непушењето.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *