Top

Добро утро (16-ти ноември)

16-ти ноември е 320-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (321-и во престапна година). Остануваат 45 денови до крајот на годината.

Настани:
534 – Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот Кодекс.
1912 – Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили.
1918 – Унгарија објавува независност од Австрија.
1940 – Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители – Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во 1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и од болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори.
1945 – Операција „Спојувалка за хартија“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија.
1945 – Основан е УНЕСКО.
1962 – Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
2001 – Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.

Родени:
42 п.н.е. – Тибериј, римски император.
1762 – Караѓорге Петровиќ, српски револуционер.
1898 – Симеон Кавракиров, македонски револуционер.
1900 – Евгениј Босилков, бугарски католички свештеник.
1920 – Тодор Циповски – Мерџан, народен херој на Македонија.
1922 – Жозе Сарамаго, португалски писател.
1923 – Чеде Филиповски – Даме, народен херој на Македонија.
1948 – Мате Парлов, југословенски боксер.
1962 – Стевица Кузмановски, македонски фудбалер и тренер.
1974 – Пол Сколс, англиски фудбалер.
1982 – Амаре Стадемаер, американски кошаркар.

Починале:
1093 – Маргарита Шкотска, кралица на Шкотска.
1272 – Хенри III, крал на Англија.
1766 – Доминикус Цимерман, германски рококо архитект.
1797 – Фридрих Вилхем II, крал на Прусија.
1850 – Александар Арон, германски и француски шахист.
1960 – Кларк Гејбл, американски оскаровец.
1993 – Лучијано Лиџио, мафијашки член, еден од најбараните лица во Италија и инспирација за романот „Кум“, на Марио Пузо.
1995 – Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.
2006 – Милтон Фридман, нобеловец по економија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *