Top

Добро утро (15-ти ноември)

15-ти ноември е 319-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (320-и во престапна година). Остануваат 46 денови до крајот на годината.

Настани:
1492 – Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент – Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1577 – Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година.
1920 – Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1944 – Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1988 – Палестина е прогласена за независна држава.
1994 – Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995 – Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.
2001 – Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
2002 – Заврши пописот на населението.
2003 – Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.
2004 – Хари Костов, Премиер на Владата на Република Македонија, поднесе оставка.

Родени:
1316 – Жан I, крал на Франција.
1397 – Никола V, римски папа.
1738 – Вилијам Хершел, англиски астроном.
1862 – Герхарт Хауптман, германски драматург.
1891 – Ервин Ромел, позна и како „Пустинска лисица“, германски фелд-маршал.
1895 – Олга Николаевна, ќерка на Николај II.
1912 – Кирил Пенушлиски, македонски фолклорист.
1927 – Џемаил Вејсели, македонски политичар.
1937 – Јафет Кото, американски актер.
1954 – Александар Квашневски, претседател на Полска.
1956 – Златко Кранчар, југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1983 – Александар Павловиќ, српски кошаркар.
1983 – Фернандо Вердаско, шпански тенисер.

Починале:
1028 – Константин VIII, византиски император.
1280 – Свети Алберт Велики, доминикански епископ.
1630 – Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар.
1670 – Јан Амос Коменски, чешки образовен и религиозен лидер.
1787 – Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент.
1802 – Џорџ Ромни, истакнат англиски портретист.
1808 – Мустафа IV, отомански султан.
1916 – Хенрик Сјенкјевич, полски новинар.
1976 – Жан Габен, француски филмски и театарски артист.
1983 – Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог.
2009 – Патријарх Павле, српски патријарх.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *