Top

Добро утро (14-ти ноември)

14-ти ноември е 318-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (319-и во престапна година). Остануваат 47 денови до крајот на годината.

Настани:
1944 – Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.

Родени:
1650 – Вилијам III, англиски крал.
1719 – Леополд Моцарт, австриски композитор.
1765 – Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач.
1838 – Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи.
1840 – Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот.
1889 – Џавахарлал Нехру, индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето.
1922 – Бутрос Бутрос Гали, египетски политичар и поранешен Генерален Секретар на ОН.
1935 – Хусеин I, крал на Јордан.
1941 – Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1946 – Денко Малески, прв министер за надворешни работи на Македонија.
1984 – Марија Шерифовиќ, српска пејачка.

Починале:
565 – Јустинијан I, византиски император.
1263 – Александар Невски, Голем кнез на Владимирско-Суздалското кнежество.
1391 – Никола Тавелиќ, хрватски светец.
1522 – Ана де Божу, ќерка на Луј XI.
1716 – Готфрид Вилхелм Лајбниц, германски философ.
1831 – Георг Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнат претставник на германската идеалистичка философија.
1884 – Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог.
1915 – Андриј Лисенко, украински писател.
1946 – Мануел де Фаља, шпански композитор.
1977 – А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада, индиски хиндуистички теолог.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *