Настани:
1959 – Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
1959 – Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
1970 – Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
1991 – Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година.
1993 – Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица .
1995 – Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.
2001 – Во Тетово е официјално отворен Универзитетот за југоисточна Европа.
Родени:
270 – Максимин Даја, римски император.
1851 – Маргарита од Савоја, кралица на Италија.
1761 – Пиј VIII, римски папа.
1902 – Назим Хикмет, турски поет.
1906 – Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец.
1916 – Васил Куноски, македонски поет за деца.
1924 – Беноа Манделброт, франко-американски математичар, познат изучувач на фракталите.
1925 – Роберт Кенеди, американски политичар.
1945 – Патријарх Кирил, патријарх на Руската Православна црква.
1953 – Халид Бешлиќ, српски пејач.
Починале:
1316 – Жан I, француски крал.
1865 – Франческо Маноел да Силва, познатиот бразилски композитор.
1894 – Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград.
1910 – Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор.
1925 – Александра Данска, кралица на Обединетото Кралство.
1944 – Јован М. Алексоски, македонски партизан.
1947 – Волфганг Борхерт, германски поет.
1975 – Франсиско Франко, шпански диктатор.
2000 – Вјачеслав Котјоночкин, руски режисер и аниматор.
2006 – Роберт Алтман, американски филмски режисер.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!