Настани:
1535 – Конквистадорот Франциско Пизаро го основал Сјудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка.
1778 – Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.
1871 – На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и ја формирале Германската империја, на чело со прускиот цар Вилхелм I.
1995 – Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
1996 – Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
1997 – Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
2000 – Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
2002 – Поранешниот политички лидер на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.
Родени:
1519 – Изабела Јагелонска, кралица на Унгарија.
1689 – Шарл Монтескје, еден од најголемите француски философско-политички писатели.
1795 – Ана Павловна, кралица на Холандија.
1825 – Григор Прличев, македонски поет, преведувач и народен деец.
1834 – Јоаким III, константинополски патријарх.
1864 – Кантаро Судзуки, премиер на Јапонија.
1879 – Александар Балабанов, бугарски научник.
1894 – Едмунд Бартон, премиер на Австралија.
1916 – Волче Наумчески, македонски писател.
1921 – Јоиширо Намбу, американски физичар.
1923 – Александар Грличков, претседател на владата на СР Македонија.
1925 – Гого Ивановски, македонски поет и раскажувач.
1950 – Жил Вилнев, возач на Формула 1.
1955 – Кевин Костнер, американски актер.
1966 – Александар Халифман, руски шахист.
1968 – Драгана Мирковиќ, српска пејачка.
1970 – Џонатан Дејвис, вокалист на Korn.
1971 – Жузеп Гвардиола, шпански фудбалер и тренер.
1980 – Роберт Грин, англиски фудбалер.
Починале:
350 – Констанс I, римски император.
474 – Лав I, византиски император.
1367 – Петар I, крал на Португалија.
1567 – Маргарита Пармска, регент на Холандија.
1860 – Џон Тајлер, претседател на САД.
1862 – Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби.
1890 – Амадеј I, шпански крал.
1906 – Петар Јуруков, бугарски револуционер.
1910 – Александар Чакаров, македонски деец.
1936 – Радјард Киплинг, англиски писател.
1982 – Хуанг Сјенфан, кинески историчар и антрополог.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!