Top

Добро утро (17-ти јануари)

17-ти јануари е 17-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 348 денови до крајот на годината (349 во престапна).

Настани:
1377 – Папа Григур XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562 – На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција.
1601 – Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.
1773 – Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антарктичкиот круг.
1912 – Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Руал Амундсен.
1919 – Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
1939 – Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945 – Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1948 – Основано препријатието за јавен превоз Јсп СКОПЈЕ во Скопје
1953 – Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
1961 – По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1991 – Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата “Пустинска бура”. Ирак лансира 8 Скад ракети погодувајќи цели во Израел
1995 – Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6,433 лица.
1996 – Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1998 – Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001 – Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик

Родени:
1504 – Папа Пиј V, римски папа.
1600 – Педро Калдерон де ла Барка, шпански драматург и поет.
1706 – Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат.
1798 – Огист Конт, француски филозоф.
1820 – Ана Бронте, британска писателка.
1863 – Дејвид Лојд Џорџ, британски премиер.
1863 – Константин Сергеевич Алексеев, руски режисер и актер.
1899 – Ал Капоне, американски гангстер.
1870 – Глигор Соколов, деец на македонското револуцинерно движење.
1913 – Асен Тодоров, македонски новинар.
1923 – Благој Попов, македонски академ.
1924 – Благоја Талески, македонски државник.
1925 – Зина Креља, македонска оперска пејачка.
1942 – Мохамед Али, американски боксер
1949 – Љубомир Груевски, македонски поет.
1962 – Џим Кери, канадски актер.
1964 – Тајс Вервест, диџеј од Холандија познат како Тиесто.
1964 – Мишел Обама, сопруга на Барак Обама.
1964 – Рефет Абази, македонски актер и педагог.
1966 – Љубчо Георгиевски, премиер на Република Македонија (1998-2002).
1971 – Кид Рок, американски пејач.
1982 – Двејн Вејд, американски кошаркар.
1983 – Алваро Арбелоа, шпански фудбалер.

Починале:
395 – Теодосиј I, римски император.
1468 – Скендербег, албански национален херој.
1598 – Фјодор I, руски цар.
1751 – Томазо Албинони, италијански композитор
1864 – Марко Павлов, првиот дипломиран македонски лекар.
1961 – Патрис Лумумба, прв премиер на Демократска Република Конго.
1978 – Атанас Далчев, бугарски поет.
1986 – Станко Липша, оперски пејач.
1997 – Славко Поп Антовски, македонски професор.
2010 – Михалис Папаконстантину, грчки политичар.
2008 – Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *