Настани:
27 п.н.е. – Римскиот сенат му ја доделил титулата „Август“ (латински: велик, славен) на Гај Јулиј Цезар. Подоцна, сите римски императори си ја придодавале оваа титула.
1492 – Првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик, ѝ е претставена на кралицата Изабела I од Кастилја.
1547 – Кнезот Иван IV Василјевич, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар.
1605 – Излегло од печат првото издание на „Генијалниот витез Дон Кихоте од Манча“ од Мигуел де Сервантес.
1778 – Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1920 – Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1945 – Втора светска војна: Адолф Хитлер се преселил во подземниот бункер во Берлин, каде што и се самоубил 4 месеци подоцна.
1979 – Реза Пахлави, иранскиот шах, избегал од земјата. Иран станува исламска република под водство на верскиот лидер Хомеини.
1996 – Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
Родени:
1853 – Андре Мишелин, француски индустријалец.
1948 – Џон Карпентер, американски режисер и сценарист.
1974 – Кејт Мос, британски модел.
Починале:
1957 – Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња.
1962 – Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници.
1991 – Густав Влахов, првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник.
1997 – Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!