Настани:
1945 – Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.
1945 – Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.
1992 – Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.
1992 – Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.
Родени:
1622 – Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист.
1850 – Михај Еминеску, романски поет.
1875 – Војдан Поп Георгиев – Чернодрински, основоположник на првиот македонски театар.
1893 – Драгиша Цветковиќ, југословенски политичар.
1906 – Аристотел Оназис, грчки бизнисмен.
1918 – Гамал Абдел Насер, претседател на Египет.
1926 – Љутви Сејфула, македонски актер.
1927 – Георги Арсовски, македонски поет.
1929 – Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир.
1946 – Јован Дамјановски, македонски романсиер и драмски автор.
1957 – Јордан Даниловски, македонски поет, критичар, есеист, романсиер.
1967 – Азиз Кељменди, војник во ЈНА, познат во Масакрот во Параќин.
1968 – Борис Тадиќ, претседател на Србија.
1982 – Емина Јаховиќ, српска пејачка.
Починале:
69 – Галба, римски император.
1595 – Мурат III, отомански султан.
1919 – Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко движење.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!